Подкаст Студио нуди можност за снимање на аудио и видео подкасти. Секој од подкастите ќе биде снимен со 4 професионални PTZ камери и ќе можат да бидат снимени до 5 соговорници истовремено. Студиото нуди многу технички можности кои ќе го подобрат квалитетот на вашата програма како: камери на далечинско управување, телепромтер, хрома (green screen), екран за прикажување содржини и вклучување соговорници на zoom,viber,whatsapp …
Емитување во живо на поткасти и на повеќе платформи истовремено зависно од потребите на закупецот. Поткаст студио нуди можност за вклучување на on-line соговорници, вметнување графики и исписи, како и прикажување на содржини за времетраењето на емитувањето во живо.
Поткаст Студио нуди можност за снимање on-line/TV емисии од најразличен карактер. Променливата сценографија и техничките способности на студиото се идеални за емисии од секаков карак. Со можност за снимање со безжични микрофони и буби.
Снимање на емисии, најави, говори и промотивни видеа на хрома (green screen) и можност за нивна понатамошна обработка
За секоја видео содржина која ќе се креира во Поткаст Студио ќе ви биде потребен аудио-визуелен дизајн. Нашиот тим може да ви помогне со дизајн на идентитет, како и пост продукција (монтажа) на снимените содржини.
Поткаст Студио поседува видео и аудио опрема за снимање на поткасти на надворешна локација со цел да се добие автентична атмосфера. Теренските поткасти или емисии ќе може да се користат до 3 камери и да се озвучат до 5 соговорници.
Нудиме можност за одржување вебинари и виртуелни конференции од on-line или хибриден тип ќе нуди нашето студио преку платформите Zoom и Skype.
Подкаст Студио нуди одлични услови за синхронизација на видео содржини, како ТВ серии и филмови, реклами, радио драми, едукативни видеа и било која содржина која треба да биде синхронизирана.