Снимање видео и аудио подкаст

Подкаст Студио нуди можност за снимање на аудио и видео подкасти. Секој од подкастите ќе биде снимен со 3 професионални PTZ камери и ќе можат да бидат снимени до 7 соговорници истовремено. Студиото нуди многу технички можности кои ќе го подобрат квалитетот на вашата програма како: камери на далечинско управување, телепромтер, хрома (green screen), екран за прикажување содржини…

Live Streaming – Емитување во живо

Емитување во живо на подкасти на повеќе платформи зависно од потребите на подкастот. Подкаст студио нуди можност за вклучување на on-line соговорници, вметнување графики и исписи, како и прикажување на содржини за времетраењето на емитувањето.

Снимање на хрома

Снимање на емисии, најави, промотивни видеа на хрома (green screen) и можност за нивна понатамошна обработка

Снимање on-line/TV емисии

Подкаст Студио нуди можност за снимање on-line/TV емисии од најразличен карактер. Променливата сценографија и техничките способности на студиото се идеални за емисии од секаков карактер.

Монтажа и Дизајн - Editing and Design

За секоја видео содржина која ќе се креира во Подкаст Студио ќе ви биде потребен аудио-визуелен дизајн. Нашиот технички персонал може да ви помогне со дизајн на идентитет, како и пост продукција (монтажа) на снимените содржини.

Теренски подкаст

Подкаст Студио поседува видео и аудио опрема за снимање на подкасти на надворешна локација со цел да се добие автентична атмосфера. На теренските подкасти ќе може да се користат до 3 камери и да се озвучат до 5 соговорници.

Вебинари и виртуелни конфереции

Можност за одржување вебинари и виртуелни конференции од on-line или хибриден тип ќе нуди нашето студио преку платформите Zoom и Skype.

Синхронизација/Voice over

Подкаст Студио нуди одлични услови за синхронизација на видео содржини како ТВ серии и филмови, реклами, едукативни видеа, како и било која содржина која треба да биде синхронизирана.